Пристигна тизерот за новата адаптација на дело на Стивен Кинг

Љубителите на хорор жанрот и книжевните адаптации со нетрпение го очекуваат новиот филм според дело на Стивен Кинг, но овојпат не станува збор за класична хорор приказна. „The Life of Chuck“ е емотивен и интроспективен филм кој на уникатен начин ги истражува животот и смртта.

Филмот е во продукција на студиото Neon, а режијата и сценариото ги потпишува Мајк Фланаган, кој досега се има докажано како успешен адаптатор на делата на Кинг. Тизерот веќе ја разбуди љубопитноста на публиката.

„Ова би можело да биде магнум опусот на Фланаган“, „Феноменален трејлер, не сакам да знам ништо повеќе, ќе го гледам штом излезе“, „Прекрасна приказна, со нетрпение чекам да видам како е адаптирана“, се само дел од коментарите на Reddit.


Што знаеме за филмот?

„The Life of Chuck“ е базиран на истоимената новела од збирката If It Bleeds (2020), каде што Кинг го истражува концептот на живот прикажан наназад – од смртта до детството.

Главниот лик, Чарлс „Чак“ Кранц, поминува низ три различни поглавја од својот живот, претставени во обратен редослед. Оваа емотивна приказна се фокусира на минливоста на животот, спомените и начинот на кој поединецот остава свој белег во светот.

Иако тизерот е краток, јасно покажува дека филмот повеќе наликува на адаптации како Бекство од Шошенк и Зелената милја, наместо на класичните хорор остварувања на Кинг. Наместо страв и неизвесност, во фокусот се симболиката, емоциите и психолошката драма.

Потценето, но моќно дело

Иако „The Life of Chuck“ не е едно од најпознатите дела на Кинг, многумина го сметаат за скриен бисер во неговата богата библиографија. Се очекува Фланаган да му даде вистинска длабочина и атмосфера, правејќи го филмот незаборавно искуство не само за фановите на Кинг, туку и за сите љубители на подлабоки, филозофски приказни за животот и смртта.

Филмот премиерно беше прикажан во септември минатата година на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што ја освои наградата на публиката. Во кино-салите пристигнува на 6 јуни 2025 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни