Пристигна „Кометата на векот“, видлива со голо око

Кометата, која научниците ја нарекуваат „комета на векот“, последен пат видена од неандерталците пред 80.000 години, веќе може да се види на ноќното небо.
Фото: X@soaringglider

Кометата А3 (Цучиншан-АТЛАС), која последен пат била видлива од Земјата кога неандерталците биле живи пред 80.000 години, може да се види со голо око од нашата планета.

Откриена во јануари 2023 година, таа е наречена „комета на векот“ поради нејзината светлина и видливост, соопшти Кралското астрономско друштво (РАС).

На јужната хемисфера луѓето веќе можеа да ја видат кометата А3, но сега може да се види и на северната хемисфера, велат од друштвото. Помеѓу 12 и 30 октомври, луѓето ќе можат да ја видат кометата со двоглед или дури и со голо око додека таа се движи најблиску до сонцето

Кометата ќе може да се набљудува до 30 октомври, веднаш по зајдисонцето на запад, а научниците не се сигурни колку силно таа ќе блесне на ноќното небо.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни