Се помалку бебиња се раѓаат во Европа

Земјите како Албанија, Косово и Турција забележаа најзначен пад на бројот на родени деца

Фактот што се повеќе млади луѓе одложуваат или одлучуваат да не станат родители, во комбинација со широката употреба на контрацепција, придонесува бројот на деца што ги имаат паровите во Европа постојано се намалува во текот на изминатите 60 години.

Стапката на плодност – просечниот број на деца што се очекува да ги има жената во текот на нејзиниот живот – значително се намалил. Во Европа оваа бројка сега е под 2, што значи дека има тенденција да има намалување на населението, иако ова намалување се компензира со миграција. Во просек, европските двојки имаат по едно дете помалку од пред шест децении. Притоа во земјите како Албанија, Косово и Турција забележани се најзначајни падови и неверојатно намалување на бројот на деца во семејство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни