Природен еликсир за чистење на крвните садови: Доволни се само две состојки 

Кардиоваскуларните болести се меѓу најчестите здравствени проблеми денес, а високиот холестерол и триглицеридите се клучни фактори на ризик. Иако постојат бројни лекови кои можат да помогнат во контролата на овие параметри, природните лекови и храната исто така можат да играат значајна улога.

Следува рецепт за природен еликсир кој може да помогне во чистење на крвните садови, намалување на холестеролот и триглицеридите, а за кој ќе ви бидат потребни само две заеднички состојки. 

Забелешка: Пред да користите било каква храна за терапевтски цели, задолжително консултирајте се со вашиот избран лекар. 

Еликсир за чистење на крвните садови 

Ви треба 3 лимони мала главица лук 

Подготовка 

Измијте го лимонот и исечете го на ситни коцки вклучувајќи ја и кората. Исчистете и излупете грст чешниња лук. Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте ги додека не добиете изедначена смеса. Добиената смеса префрлете ја во стаклена тегла, цврсто затворете ја и ставете ја во фрижидер. Секој ден, наутро, земајте по една лажица од оваа смеса со шолја млака вода. 

Како функционира? Лимонот е богат со витамин Ц, кој помага во зајакнување на ѕидовите на крвните садови, го намалува оксидативниот стрес и ја подобрува циркулацијата. Лукот со своите антибактериски и антисептички својства не само што ја чисти крвта, туку и ја враќа еластичноста на вените и артериите. Оваа комбинација го намалува нивото на лошиот холестерол и триглицеридите во крвта, што го подобрува здравјето на срцето и крвните садови, а го намалува и ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Имајте на ум дека ниту еден природен лек или храна не може да ја замени посетата на лекар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни