Поминати само 20 минути во природата може да имаат измерливи позитивни ефекти врз здравјето и благосостојбата на луѓето, покажуваат студии и експерти за здравје. Дури и краток престој надвор — во парк, шума или зелен појас — може да ја намали концентрацијата на кортизолот (хормон за стрес), да ја подобри расположбата и да помогне во олеснување на висок притисок и ментални напнатости.
Научниците што изучуваат влијанието на природната средина врз психофизичкото здравје нагласуваат дека таквите ефекти се видливи дури и со кратки и релативно едноставни активности — како прошетка низ парк, седење покрај дрвја или само гледање во зелена околина. Овие ефекти не се ограничени само на релаксација: истражувањата покажуваат дека поврзувањето со природата може да ги зголеми и когнитивните функции, креативноста и способноста за концентрација.
Експертите укажуваат дека растечката урбанизација и дигиталниот живот во голема мера не’ оддалечуваат од природната околина, што може да придонесе за зголемување на стресот, анксиозноста и дури депресивни симптоми. Една од препораките е да се вклучи “време во природа” во секојдневната рутина — без големи физички напори или планинарење — туку едноставно 20 минути на отворено за да се почувствуваат бенефитите.
Оваа појава е дел од поширок тренд на истражување на “зелена терапија” и “екотерапија”, каде природната средина се користи како дополнителен ресурс за превенција и третман на ментални и физички проблеми. Регистрираните ефекти вклучуваат намалување на анксиозноста, подобрен сон и зголемена психичка издржливост, што може да придонесе за подобра квалитет на живот.