Припадници на војската на Црна Гора ќе обучуваат украински војници

Со 49 гласови „за“ и три „воздржани“ Парламентот на Црна Гора донесе одлука за испраќање војници во составот на Мисијата за воена помош на ЕУ за поддршка на Украина (European Union Military Assistance Mission Ukraine – EUMAM UA).

Црногорскиот министер за одбрана Драган Кривокапиќ изјави дека мисијата ЕУМАМ ги обучува украинските војници за хемиско-нуклеарна одбрана, медицински аспект и минирање, како и оперативна обука за подготовка на чети.

– Според достапните податоци, во овие мисии досега се обучени 75.000 припадници на Вооружените сили на Украина, посочи Кривокапиќ, додавајќи оти 24 земји-членки на ЕУ понудиле обука и војници за имплементација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни