Кејт Мидлтон зад себе ја остави најтешката година, во која храбро се бореше со тешка болест. Здравствената состојба и се подобри пред почетокот на 2025 година.
Идната кралица денеска, 9-ти јануари го слави својот 43-ти роденден, а нејзиниот сопруг, принцот Вилијам (42), преку социјалните мрежи ѝ испрати емотивна порака, нарекувајќи ја ‘најневеројатната сопруга и мајка’, при тоа објави, досега необјавена фотографија во јавноста.
Во емотивна порака каква што досега нема испратено во јавноста, принцот Вилијам ја пофали ‘силата на својата сопруга’, додавајќи дека тој и нивните деца, принцовите Џорџ и Луис, и принцезата Шарлот, ‘се многу горди на неа’.
„На најсилната сопруга и мајка. Силата што ја покажа во текот на минатата година беше неверојатна. Џорџ, Шарлот, Луис и јас сме толку горди на тебе. Среќен роденден, Кетрин. Те сакаме В.“, напиша тој во пораката која ја сподели на социјалните мрежи.
Честитката на Вилијам доаѓа, откако роденденот на Кејт и го честиташе кралот Чарлс и кралицата Камила. Тие на Инстаграм споделија нејзина фотографија од божиќната прошетка во Сандрингам,
„Среќен роденден, принцеза од Велс“, напишаа во објавата.
Кратко време по нејзиниот 42-ри роденден, на Кејт и беше извршена операција на абдоменот. За време на закрепнувањето, Кејт не се појавуваше во јавноста со, што полна да се шпекулира дека е болна. Принцезата во март ја потврди болеста со споделување на видео на социјалните мрежи во кое објави дека и е дијагностициран рак. Таа, тогаш рече дека ќе оди на хемотерапија и дека ќе направи подолга пауза бидејќи приоритет ќе и биде опоравувањето.
Во меѓувреме и принцот Вилијам, ги намали своите јавни ангажмани бидејќи и тој рече дека ќе му се посвети на семејството и назакрепнувањето на својата сопруга.
По неколкумесечно лекување, принцезата во септември објави дека нејзината хемотерапија е завршена и дека сега е фокусирана на целосно закрепнување, најавувајќи го своето враќање во јавниот живот, а последен пат беше видена со семејството на божиќната миса во Сандрингем.