Принцот Вилијам не планира да го покани својот помлад брат Хари на своето крунисување, кога за тоа ќе дојде време, пренесува Дејли Мејл.
Браќата веќе подолго време не се блиски, но медиумите пишуваат дека не разговараат речиси две години.
„Оваа година е посветен на сопругата, децата и таткото. Воопшто не разговара за неговиот брат“ вели извор за Дејли Мејл за однесувањето на Вилијам.
И кралот Чарлс и принцезата Кејт имаат карциноми, а според медиумите Хари и Меган дознале за дијагнозата на Кејт од медиумите.