Фондот од 19 милиони фунти бил основан во 1994 година од кралицата Елизабета и кралицата Мајка, кога Хари имал 10 години, за да биде дистрибуиран меѓу нејзините внуци, пишува Дејли мејл.
Првата исплата требало да ја добијат на 21-виот роденден, а втората на 40-от роденден, а извори од палатата тврдат дека Хари добил поголема сума од Вилијам.
„Тоа беше начин на Кралицата Мајка да им остави пари на своите правнуци кога тие ќе бидат постари и начин таа да пренесе дел од нејзиниот имот поефикасен начин“, рече тој.
На нивниот 21-ви роденден, секој брат добил по шест милиони, сума што ќе се зголеми на осум на денот на 40-тиот роденден на Хари, кој Хари ќе го прослави на 15 септември.
Принцовите Вилијам и Хари, заедно со нивните роднини, се верува дека се корисници на фондот.