Принцот Хари и Меган Маркл нема да слават Божиќ со кралското семејство

Војводата и војвотката од Сасекс не добиле покана од кралското семејство да им се придружат во Сандрингем во Норфолк за да го прослават Божиќ заедно.

Хари и Меган последен пат го прославија Божиќ со кралското семејство во 2018 година, истата година кога се венчаа. Оваа година, принцот Хари и Меган Маркл се очекува да ги минат празниците во САД, заедно со своите деца Арчи и Лилибет.

Во меѓувреме, принцезата од Велс, Кејт Мидлтон на својот профил на Инстаграм објави емотивна празнична порака, а која се однесува на гостите коишто ќе бидат поканети на божиќната забава. Во пораката таа ја нагласува важноста на љубовта, емпатијата и колку тие им се потребни на луѓето во најтешките моменти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни