Принцот Хари ќе добие осум милиони фунти кога ќе наполни 40 години на 15 септември

Принцот Хари ќе добие осум милиони фунти кога ќе наполни 40 години, како дел од наследството на Кралицата Елизабета позната како Кралицата Мајка.
Фото: DoD News Features, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Фондот од 19 милиони фунти бил основан во 1994 година од кралицата Елизабета и кралицата Мајка, кога Хари имал 10 години, за да биде дистрибуиран меѓу нејзините внуци, пишува Дејли мејл.

Првата исплата требало да ја добијат на 21-виот роденден, а втората на 40-от роденден, а извори од палатата тврдат дека Хари добил поголема сума од Вилијам.

„Тоа беше начин на Кралицата Мајка да им остави пари на своите правнуци кога тие ќе бидат постари и начин таа да пренесе дел од нејзиниот имот поефикасен начин“, рече тој.

На нивниот 21-ви роденден, секој брат добил по шест милиони, сума што ќе се зголеми на осум на денот на 40-тиот роденден на Хари, кој Хари ќе го прослави на 15 септември.

Принцовите Вилијам и Хари, заедно со нивните роднини, се верува дека се корисници на фондот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни