Принцот Хари ја напушти хуманитарната организација: Претседателката на здружението го обвини за мобинг

Додала дека целиот случај е „приказна за жена која се осмелила да проговори за лошото управување, слабо лидерство, злоупотреба на моќ, злоставување, мобинг, мизогинија, расистички сексизам – и прикривањето кое следело“.

Претседателката на хуманитарната организација Sentebale, која беше основана пред речиси 20 години од страна на принцот Хари, го обвини Хари за „злоставување и мобинг во големи размери“, по што тој и други лица поврзани со организацијата поднесоа оставки овој викенд.

Софи Чандука, претседател на управата на Sentebale, изјави во неделното интервју за Sky News дека Хари „покренал ПР машина“ против неа кога јавно објавил дека се повлекува од позицијата покровител на организацијата. Тогаш оставки поднеле и неговиот соосновач, принцот Сеисо од Лесото, како и управниот одбор.


„Во вторникот, принцот Хари одобрил објавување штетна информација во јавноста, без да ме извести мене, моите регионални директори или извршниот директор“, изјави Чандука во емисијата Sunday Morning with Trevor Phillips.

„Можете ли да замислите што значеше тој напад за мене и за 540 лица кои го сочинуваат Sentebale и нивните семејства?“ додаде таа. „Ова е пример за злоставување и мобинг во големи размери.“

Извор блиски на покровителите и управниот одбор изјавил за CNN дека „целосно очекувале овој обид за медиумско манипулирање“ и дека колективната одлука за повлекување била донесена „согласно тоа“.

„Тие остануваат на својата одлука, во интерес на организацијата, и се радуваат на разоткривањето на вистината“, рекол изворот.

Sentebale во изјава за CNN навел дека некои членови на извршниот одбор имале увид во писмото кое било потпишано во име на управниот одбор, но официјалната оставка на покровителот не била примена.

Во второ интервју објавено во сабота, Чандука изјави дека принцот Хари и принцот Сеисо „сакаат да предизвикаат колапс на организацијата, а потоа да се вратат како нејзини спасители“.

Иако деталите за конфликтот не се целосно јасни, Чандука во разговор за Financial Times наведува дека дошло до напнатост помеѓу персоналот од британската канцеларија и вработените во Лесото и Боцвана.

Според неа, ова било предизвикано од нејзината иницијатива управувањето на организацијата да се пренесе на локалните лидери во Јужна Африка.

Принцот Хари изјавил дека бил „шокиран“ по донесувањето на одлуката да се повлече од организацијата која ја основал во 2006 година за помош на младите со ХИВ и СИДА во Лесото и Боцвана.

Sentebale беше основано во чест на неговата мајка, принцезата Дајана, девет години по нејзината смрт во сообраќајна несреќа во Париз.

Во заедничка изјава објавена во среда, принцот Хари и принцот Сеисо навеле дека со „тешко срце“ се повлекуваат од своите улоги „до понатамошно известување“.

Во својата изјава, Чандука изгледа го критикувала 40-годишниот принц за „играње на жртва“.

„Сè што правам во Sentebale е насочено кон зачувување на интегритетот на организацијата, нејзината мисија и младите на кои им служиме“, изјавила.

Додала дека целиот случај е „приказна за жена која се осмелила да проговори за лошото управување, слабо лидерство, злоупотреба на моќ, злоставување, мобинг, мизогинија, расистички сексизам – и прикривањето кое следело“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни