Принцот Едвард јавно за аферата Епстин – „Жртвите не смеат да се заборават“

По објавувањето нови американски документи за Џефри Епштајн, принцот Едвард првпат јавно проговори за скандалот и порача дека фокусот мора да остане на жртвите, а не на сензациите.
Фото: Patrick McMullan | Getty Images

Принцот Едвард, војводата од Единбург, стана првиот член на британското кралско семејство кој јавно се огласи за аферата поврзана со покојниот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин , откако американското Министерство за правда објави нови документи што повторно го поврзуваат неговиот брат, принцот Ендру, со овој скандал.

Говорејќи за CNN на Светскиот самит на влади во Дубаи, одржан на 3 февруари, 61-годишниот принц Едвард порача дека јавната дебата не смее да се сведува на имиња и титули, туку мора да се насочи кон луѓето кои претрпеле директна штета.

„Навистина е важно да се сетиме на жртвите. А кои се жртвите во сето ова? Има многу жртви“, изјави Едвард, пренесува Индипендент.

Нови документи, стари прашања

Коментарите на војводата од Единбург следуваат откако американските власти објавија документација според која принцот Ендру бил во контакт со Епстин и по неговата осуда во 2008 година. Според тие наводи, Ендру испраќал божиќни честитки до семејството на Епштајн во 2011 и 2012 година.

Наводно, честитките содржеле фотографии од неговите ќерки, принцезата Беатрис и принцезата Евгенија, направени во период кога тие биле во раните дваесетти години. Дел од фотографиите прикажувале заедничко патување со брод, како и индивидуални патувања.

Контрадикторности со претходните изјави

Овие тврдења повторно ја отворија контроверзијата околу изјавите на принцот Ендру од интервјуто за Би-Би-Си во 2019 година, во кое тој тврдеше дека целосно ги прекинал сите контакти со Епстин . Интервјуто тогаш предизвика силна јавна осуда и доведе до негово повлекување од јавните кралски должности.

Џефри Епстин во 2008 година беше осуден во американската сојузна држава Флорида за подведување малолетничка и проституција, за што одлежа 13 месеци затвор. Подоцна беше повторно обвинет за трговија со луѓе, но почина во затвор во 2019 година.

Со својата изјава, принцот Едвард се обиде да ја помести тежината на дискусијата од кралските скандали кон моралната и човечката димензија на случајот, потенцирајќи дека зад документите и обвинувањата стојат реални жртви чија приказна не смее да се изгуби во сенката на јавниот спектакл.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни