Договорот за гранични контроли бил постигнат оваа недела, со што се отвора патот за првите официјални разговори помеѓу лидерите на двете нуклеарни сили.
Во Пекинг, портпаролот на министерството за надворешни работи Лин Џијан рече дека повлекувањето се одвива непречено.
„Во согласност со неодамна договореното решение меѓу Индија и Кина, нивните армии од фронтот спроведуваат релевантна работа, со досега непречен напредок“рече Лин Џијан.
Се уште не се откриваат повеќе детали за договорот, но и двете страни очекуваат дека со тоа што се повлекуваат трупите од границата ќе се отворат политичките и економските врски, кои се влошија со воениот конфликт во 2020 година.
На состанокот одржан завчера, индискиот премиер Нарендра Моди и кинескиот претседател Си Џинпинг се согласија да ја зајакнат комуникацијата и соработката во обид да помогнат во решавањето на несогласувањата.