Прилеп покажа солидарност: Стотици граѓани на мирниот марш во чест на жртвите од Кочани

Прилеп вечерва стана глас на солидарноста. Стотици граѓани, меѓу кои најмногу млади луѓе, излегоа на мирниот марш за да оддадат почит кон трагично загинатите жртви од пожарот во Кочани на 16 март.

Поттикнати и од силниот повик на новинарот и критичар Звонко Димоски, прилепчани со транспаренти „Не сте сами“, „Не е несреќа, систем е“ и „Тагувај, Македонијо, ти тоа знаеш како да го правиш“, порачаа дека болката е заедничка, а одговорноста мора да се бара.

Вечерва, Прилеп не беше само град – беше симбол на заедништво, емпатија и гласно сведоштво дека не смее да има заборав.


Фотографиите и видеото ни ги испрати Звонко Димоски

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни