На 3 април во Сули Ан, Скопје, ќе биде отворена изложбата „Приказни од мостот“, која ги претставува фотографиите создадени во рамки на младинскиот натпревар „Мостови што поврзуваат“ (#BridgesThatConnect).
Во рамки на настанот, посетителите ќе имаат можност да ги слушнат приказните зад фотографиите преку излагања на експертите по фотографија Моника Мотеска и Роберт Јанкуловски, кои воедно беа и ментори во текот на целиот процес.
На настанот ќе биде претставен и проектот „Shared Horizons“ (компонента II), по што ќе следуваат обраќања на амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, како и на директорката на ALDA Balkans, Катица Јанева.
Посебен акцент ќе биде ставен на наградените дела од раскажувачкиот натпревар „Мостови што поврзуваат“, по што официјално ќе биде отворена изложбата за посетителите.
Настанот ќе биде заокружен со музички настап и неформално дружење, овозможувајќи простор за размена на идеи, впечатоци и инспирација меѓу присутните.
Автор на насловната фотографија е Калин Сековски.
Изложбата е дел од меѓународниот проект „Shared Horizons“, компонента 2, кој го имплементира ALDA, со поддршка од Expertise France.