Приказната за уморните бизнисмени во Јапонија низ објективот на фотографот Павел Јашчук

Кога возот ќе замине, а хотелите се прескапи, тротоарите и клупите се единствената опција за работниците во Токио. Павел Јашчук е авторот на фотографиите кои зборуваат за овој феномен во Јапонија.

Добро ситуирани мажи, бизнисмени облечени во костими, со вратоврски и елегантни чевли легнати по тротоарите и улиците во Токио.

Неколку пијачки после работа понекогаш може да излезат од контрола но според корпоративната култура на Јапонија и напорното темпо на работа многу веројатно е дека овие луѓе всушност се преморени од работа, а не под дејство на алкохол како што изгледа.
Во секој случај, прилично е нормално да се работи 60-часа во неделата во Јапонија, нешто помалку од двојно од просечната работна недела со полно работно време во САД.

Веројатно, оваа култура на трудољубивост постои со векови, но се чини дека стана понагласена од крајот на Втората светска војна, кога тогашниот јапонски премиер ги охрабри компаниите да ги наградуваат работниците за дополнителни часови работа за да се подобри економијата.

Денес, работната етика на просечниот работник е нездрава, на граница со опасна. Земјата во моментов се соочува со пораст на срцеви заболувања и самоубиства, што поттикна голем број владини напори да ги охрабри луѓето да земат одмор.

Фотографот кој е роден во Варшава, а престојува во Токио, вели го привлекла гледката на заспаните луѓе по троарите и улиците. „Контрастот помеѓу овие добро облечени мажи и улицата ми го привлече вниманието, но секако и пораката која се праќа“.

Фотографот Јашчук испраќа порака со овие фотографии. „Фотографиите покажуваат луѓе кои се искористени, преоптоварени и исцрпени. Дали навистина сакаме да завршиме вака?“

Некои од луѓето на фотографиите изгледаат како жртви на убиство – убиени од прекумерна работа.

„Мојата фотографија созрева со мене, станува посериозна со годините“, вели тој. „Се обидувам да поставам прашања, да ги охрабрам луѓето да размислуваат за себе и за човечката природа“.

Извор: https://www.theguardian.com/artanddesign/2018/oct/12/legless-japanese-businessmen-the-photographer-who-shoots-street-sleepers-pawel-jaszczuk-high-fashion

Најново

Последни колумни