„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска откупен од National Geographic Documentary Films

„Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска е откупен од  светскиот дистрибутер на документарни остварувања National Geographic Documentary Films.

„Откупот од National Geographic Documentary Films значи дека „Приказната за Силјан“ станува дел од глобалниот каталог на еден од најреномираните дистрибутери на документарни филмови во светот. Тоа му овозможува на филмот да стигне до публика во над 170 земји преку каналите на National Geographic и Disney+ со силна маркетинг и фестивалска поддршка. За македонски филм, ова е историски успех затоа што станува збор за институција која стои зад добитници на „Оскар“ и „Еми“, а самиот факт што ја препозна „Приказната за Силјан“ е доказ за неговата универзална вредност. Паралелно со договорот со National Geographic, дел од правата за „Приказната за Силјан“ ги превзема британскиот Dogwoof, чиј каталог вклучува повеќекратни добитници на „Оскар“ и „Бафта“. Dogwoof ќе биде задолжен за дистрибуцијата на филмот во Австралија, Јапонија и Полска“, информира во соопштение тимот на филмот. 

„Приказната за Силјан“ годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, а стана и македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм.

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ е инспириран од македонскиот фолклор од 17 век. Филмот ја следи судбината на земјоделецот Никола и неговата неочекувана врска со бел штрк со повредено крило – метафора за човечкиот опстанок, нежност и надеж. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни