Приказната за полжавот и поштата

Пред скопската пошта денес осамна – полжав. Герила групата Уметнички акции, со оваа инсталација се обидува да го сврти вниманието кон состојбите во државната пошта кои, според нив, се далеку од нормални.

„Идејата за акцијата „Поштата е брза, само споро стигнува„ е инспирирана од фактот дека иако веќе помина и 1. Април многу граѓани се уште добиваат новогодишни честитки, а на некои и тие им доцнат“ – велат од групата.

Состојбите во кои се наоѓа акционерското друштво во државна сопственост Пошта на Северна Македонија се повеќе од алармантни. Илјадници граѓани секојдневно лутаат по поштенските објекти и ги бараат своите препорачани пратки (сметки, казни за сообраќајни прекршоци, решенија, уверенија…), а откако нема да ги најдат се соочуваат со извршни решенија од извршителите.

Од друга страна пак исто така илјадници граѓани со месеци ги чекаат и ги бараат своите платени нарачки од еBay, aliExpres, Amazon и слични страници за онлајн купување. Срамота е во 21 век да се губат пратки, да се враќаат на испраќачите, а секоја трета недела да не може да се испраќаат пратки од Македонија кон некои држави меѓу кои некои се и наши стратешки партнери (минатата година неколку месеци беше невозможно да се испрати било каква пратка за САД).

Сè на сè поштенските пратки на Пошта не Северна Македонија се движат со брзина на полжав и токму затоа и ја изработивме оваа скулптура, сакајќи да го потенцираме овој проблем и да извршиме јавен притисок за подобрување на состојбите во АД Пошта на Северна Македонија и изнаоѓање на проблемите со кои се соочува претпријатието и неговите вработени.

Авторите на активистичката инсталација додаваат: „Истовремено со оваа акција даваме поддршка и на синдикатот на поштенските работници кои пред скоро време штрајкуваа барајќи ги своите неисплатени плати како и реорганизација во работењето на претпријатието за да може граѓаните да добијат подобри поштенски услуги.“

Најново

Последни колумни