Причината за црвениот портрет на кралот Чарлс Трети

Џонатан Јео – уметникот кој го нацрта портетот на кралот Чарлс Трети вели дека уживал во мемињата на интернет што ги предизвикало неговото ново дело на монархот. Тој исто така ја откри и причината зошто на портретот преовладува црвената боја.

Сликата на Џонатан Јео, која монархот ја откри во Бакингемската палата, го прикажува кралот облечен во униформа на велшката гарда на црвена позадина. Необичниот портрет ги подели мислењата меѓу кралските фанови и корисниците на социјалните мрежи, при што некои велат дека големите делови со црвено се „непријатни“ и дека изгледа како монархот да е „во пеколот“.

Јео рече дека измешаните реакции биле забавни и дека неговата помала ќерка уживала во интернет-мемињата што ги предизвикал портретот. „Мојата ќерка беше премногу заинтересирана да ми ги покаже сите луди работи за сликата на ТикТок“, изјави тој за Сандеј Тајмс.

Што се однесува до тоа зошто избрал толку многу црвено во портретот, Јео објасни дека сакал да го одвлече вниманието од светлата униформа на кралот. „Мислев дека црвеното навистина ќе го одвлече вниманието“, рече тој. Јео додаде дека можеби црвената боја била и психолошка поддршка, бидејќи имал срцев удар додека го сликал портретот.

Тој призна дека му било тешко да ги наслика медалите и униформата на кралот, бидејќи никогаш порано не сликал нешто слично. „Веројатно потрошив подолго на медалите отколку на лицето бидејќи знаев што сакам да правам со лицето кога почнав“, рече тој.

Новата слика е нарачана во 2020 година за да ги прослави 50-те години на тогашниот принц од Велс како член на компанијата Дрејперс. Јео имаше четири средби со кралот, почнувајќи од времето кога Чарлс беше принц од Велс во јуни 2021 година, а последната средба била во ноември 2023 година.

Портретот ќе биде јавно изложен еден месец во галеријата Филип Молд во Лондон, од 16 мај до 14 јуни. Влезот е бесплатен.

Извор: https://www.independent.co.uk/life-style/royal-family/king-charles-royal-painting-portrait-b2547484.html

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни