При саботажа на трансформаторска станица во Норвешка истекоа илјадници тони нафта

Националната електроенергетска мрежа Статнет процени дека истекле околу 60.000 тони нафта од трансформаторска станица за електрична енергија, која се наоѓа во близина на Осло.

Вчера норвешката полиција соопшти дека го истражува упадот во електрична трансформаторска станица во норвешката општина Берум, којашто сега не се користи.

Дел од оградата околу просториите била исечена, а капакот на дното на трансформаторот бил отворен. Националната електрична мрежа, оператор Статнет верува дека инцидентот бил чин на намерна саботажа.


„Изгледа дека некој провалил, го отворил капакот на трансформаторот и го оставил отворен, предизвикувајќи излевање на значително количество нафта“, рече Томас Фенефос, проект менаџер во Статнет.

Сепак, полициските власти во соопштението велат дека во моментов немаат конкретни докази за да го потврдат тоа.

Нафтата, штетна за животната средина, но не и за луѓето, стигна до реката Сандвикселва во близина на станицата. Дел од нафтата навлезе и под земја.

Ричард Конгштајен, менаџер за комуникација на општината Берум, рече дека во тек се напори за минимизирање на влијанието врз животната средина. Биле распоредени нафтени бариери и абсорбенти се за да се спречи и исчисти излевањето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни