Пријателски дестинации за миленици се прв избор на сопствениците на кучиња за одмор

Скоро 29% од сопствениците на кучиња го избираат местото за одмор според тоа колку тоа место е пријателски настроено кон кучињата, покажало ново британско истражување.

Околу 46% од учесниците во анкетата изјавиле дека чувствуваат анксиозност ако го остават својот миленик дома, кај пријатели или во хотел за кучиња додека се на одмор. Тие се загрижени за исхраната на своите миленици и за тоа дали животното ќе се чувствува напуштено или под стрес.

Истражувањето, спроведено од страна на анкетарската компанија Opinium за Booking.com, покажало дека 38% од сопствениците на кучиња во Велика Британија се подготвени да потрошат повеќе од 1.000 фунти за продолжен викенд во странство ако можат да го водат својот миленик со себе.

Две третини од испитаниците сметаат дека кучињата од било која големина треба да имаат право да патуваат во авионот со нивните сопственици, и исто толку се подготвени да платат дополнителна авионска карта.

„За многу сопственици на кучиња, одморот едноставно не е комплетен без нивниот миленик“, вели Рајан Пирс, регионален менаџер на Booking.com за Обединетото Кралство. „Без разлика дали можноста за патување со куче влијае на изборот на дестинација, сместување или дури на сумата што луѓето се подготвени да ја платат, милениците се клучен дел од процесот на одлучување.“

Меѓународното истражување опфатило 6.000 сопственици на кучиња, од кои 2.000 биле од Обединетото Кралство.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни