Во новиот документарен филм на Peacock „Diddy: The Making of a Bad Boy“, пријател од детството на контроверзниот рапер Шон „Диди“ Комбс; Тим ‘Дауг’ Патерсон изјави дека неговата мајка Џенис Комбс организирала секс забави.
Како што пренесува Ролинг Стоун, продуцентот Тим Патерсон рекол дека во домот на Диди од детството, неговата мајка често организирала забави на кои возрасните имале секс.
„Така нè учеа; така бевме нахранети“, рече тој. „Дали нè десензибилизираше? Да. Дали бевме свесни за тоа? Не, тоа беше само сабота вечер“.
Патерсон, исто така, посочи дека инволвираните страни можеле да влијаат на наводните злосторства на Диди, кои вклучуваат обвиненија за рекетирање, сексуална трговија и злосторства поврзани со проституција. Пред неговото апсење, тој беше тужен од неколку лица, меѓу кои и неговата поранешна девојка Каси Вентура, која го обвини дека ја терал да се дрогира и да учествува на сексуални забави кои тој ги нарекол „freak offs“ забави. Диди успеал да се договори со неа, но тој сè уште се соочува со повеќе од 30 граѓански тужби од мажи и жени кои сите тврдат дека сексуално ги нападнал или малтретирал.
„Отсекогаш ми го поставуваа прашањето зошто“, додаде Патерсон. „Не го знам одговорот на тоа прашање зошто, но навистина верувам дека сето тоа се враќа од детството“. Патерсон, исто така, тврдеше дека Диди бил малтретиран како дете затоа што другите ученици во приватното католичко средно училиште што го посетувал можеле „да намирисаат дека не е цврст“ и дека често го гледале „како богато дете“.
„За време на викендите Комбс се забавуваше дома, тоа го правевме многу“, рече тој. „Таму му беа на дофат сите видови алкохол, како и тревата. Зависници од дрога, лезбејки, хомосексуалци, макроа, сите овие луѓе беа во нашата куќа. Луѓето дојдоа од Харлем, од улиците. Не е ни чудо што можеби влезе по грешка.“ „Влегов во една од спалните соби и таму видов двојка скроз гола“, рече тој.
Диџеј ЕЗ Ли Дејвис, поранешен соработник на Диди, рече дека никогаш не присуствувал на овие секс забави, но дека со години слушал гласини за нив.
Целиот 90-минутен документарец ќе биде премиерно прикажан на „Пикок“ во вторник, на 14 јануари, а исто така ќе содржи интервјуа со Ал Б и неколку луѓе кои работеа на реалити серијата на Диди „Making the Band“.