Несреќата се случила вчера попладне кај српскиот град Бачка Паланка, кога брод со 11 лица се превртел во реката Дунав. Според првичните информации објавени од српските медиуми, меѓу патниците имало десет кинески државјани и еден српски државјанин.
Спасувачките служби веднаш излегле на терен, но условите на теренот ја отежнуваат потрагата. Засега е потврдено дека има загинати, додека неколку лица се водат како исчезнати.
Инцидентот предизвика големо внимание во српската јавност, особено поради присуството на странски државјани на бродот. Истражните органи ја испитуваат причината за несреќата, а според првичните проценки, можно е да се работи за технички дефект или преголемо оптоварување на пловилото.
Се очекува повеќе информации во текот на денот, откако ќе заврши увидот и ќе се потврди точниот број на жртви.