Претставување и дебата за Еразмус+ проект на Филолошкиот факултет

Предизвиците со кои се соочуваат толкувачите и институциите во хуманитарен контекст во Македонија се фокусот на дискусиите кои денеска од 10 до 14 часот се одржуваат на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Панелот се одржува во рамките на Еразмус+ проектот „РеТранс“ (Интеракција со толкувачи во транзитни зони за бегалци: градење на капацитети и подигнување на свеста во контекст на високото образование).

На првиот панел ќе бидат отворени неколку прашања: Какви потреби имаат бегалците при влезот во нашата земја, каква улога има толкувањето во овој контекст и каква е правната рамка, како соработуваат институциите со толкувачите на регионално и на меѓународно рамниште?

Втора панел-дискусија ќе биде фокусирана на предизвици со кои се соочуваат толкувачите и засегнатите странки во земјава, што е досега постигнато и што треба дополнително да се направи, како да се подобри состојбата за двете страни. Проектот „РеТранс – Интеракција со толкувачи во транзитни зони за бегалци“ е поддржан од ЕУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни