Професорката Весна Мојсова Чепишевска за Рацин.мк раскажува дека песната била одговор на организаторите на овој историски настан на сите реакции и приговори за неговата организација.
Реагирале пратеници во Парламентот во Атина, а еден ден пред настанот, група граѓани од Солун протестирале пред канцеларијата на градоначалникот. Но, остана само на тоа. Настанот се одржа во најдобра атмосфера и беше пример за тоа како се поминуваат границите на национализмите“, оцени за Рацин.мк Мојсова Чепишевска.
Средбата на македонските и грчките претставници на академската средина била организирана од Лабораторијата за култура, граници и родови при Катедрата за балкански, словенски и ориентални студии на солунскиот Универзитет во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Во центарот на вниманието на програмата на средбата била македонската култура, македонската книжевност и јазик и мостовите кои досега се поставени за поврзување на двете култури.
Поздравни зборови и добредојде за македонските гости упати директорката на Лабораторијата „Култура/Граници/Род“ на Катедрата за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот Македонија во Солун, а во име на УКИМ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, поздравни зборови упати деканот проф. д-р Владимир Мартиновски.
Целиот настан се одржувал и на македонски и на грчки јазик.
На грчката академска и друга јавност добро им се познати пезијата на Кочо Рацин и Блаже Конески кои се преведени на грчки, а овој настан го покажа интересот на тамошната книжевна средина на грчки дасе преведат и останатите големи поетски имиња од Северна Македонија, раскажува професорката Мојсова Чепишевска.
Александра Јоаниду од на Катедрата за балкански, славистички и ориентални студии на Универзитетот Македонија во Солун, која е истакнат преведувач и промотор на македонската проза во Грција и која ги преведе книгите на Румена Бужаровска, на настанот најави дека е во тек работата на преводот на романот „Егејци“ на Кица Барџиева Колбе, која исто така како и Бужаровска беше на овој настан и говореше за издавањето на нејзината книга и читаше фрагменти од неа на македонски јазик.
Меѓу учесниците на оваа средба во Солун настапија со свои презентации, предавања и кажувања и неколкумина изучувачи на македонскиот јазик од Грција кои со него се запознаваат преку онлајн курсевите на Центарот за македонски јазик во Лерин коишто ги спроведува лекторката Елена Ѓоргиовска од УКИМ која го раководи Лекторатот за македонски јазик на Универзитетот во Букурешт.
Елена Ѓоргиовска на настанот говореше за егејската тема во македонската литература, додека Фотиј Сионис и Марија Думба, посетители на курсопо македонски јазик говореа за нивните интереси да го изучуваат.
Настанот на универзитетот во Солун беше и место за поврзување на двете академски средини кои се договорија да настапуваат со заеднички проекти во рамките на Еразмус Мундус. Овие прашања беа во фокусот на излагањата на професорите Елени Сидери и Јоанис Манос од солунскиот универзитет.
Благодарение на богатата програма, одличната организација и инспиративните излагања на сите учесници, на Универзитетот „Македонија“ во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена како на македонскиот јазик и литература, така и на перспективите за меѓусебна академска соработка, оцени за МИА деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски за вчерашната научна конференција на која македонски и грчки професори дискутираа за перспективите на културна соработка со акцентот на македонскиот јазик.
Извор: Рацин.мк