Претставено визуелното решение Битола Шекспир Фестивал

Народен театар Битола го претстави визуелното решение за 10 тиот по ред БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ што ќе се одржи од 28 јуни до 02 јули.

Дизајнот е на Сашо Илковски и е графичка интервенција врз фотографија на месечината фотографирана од авторот на ‎15 ‎јуни ‎2024, ‏‎22:54:18 часот.

,,Според познатиот цитат на англискиот писател Бен Џонсон, Шекспир е толку голем и значаен автор што неговите дела се доволни за повторно да го изградат светот. Џонсон го кажал ова во контекст на зборувањето за трајноста и универзалноста на Шекспировото дело. Според него, иако материјалниот свет може да исчезне, вредностите, идеите и емоциите кои Шекспир ги претставува во своите дела се толку длабоки и универзални што можат повторно да го изградат човечкиот дух и култура. Па затоа, делата на Вилијам Шекспир се испратени во вселената. Во 2010 година, како дел од програмата “Lunar Reconnaissance Orbiter” (LRO) на NASA, дигитална копија од делата на Шекспир беше испратена на месечината. Ова беше дел од проектот “Moon Arts Ark”, кој имаше за цел да ги зачува човечките уметнички дела и културното наследство.Според тој модел доколку дојде до апокалипса би можело да се реконструира целата цивилизација, онаква каква што денес ја знаеме, каква и да е!!!”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни