Претставена првата слепа Барбика

Фото: Mattel

Произведувачот Мател ја претстави првата слепа Барби кукла, како и црната Барби со Даунов синдром. И двата модела се дел од колекцијата Фашонистас 2024.

Американската компанија соопшто дека овие кукли ќе овозможат поголем број на деца да пронајдат модел кој ги претставува нив и да ги инспирира повеќе да зборуваат кроз игра.

Барби се приклучи на Американската фондација за слепи за да се осигура дека деталите, вклучувајќи го и обликувањето на лицето, модата, додатоците, начинот на пакување и комуникација точно ги прикажуваат слепите лица.

Кулката може да се купи со бел или црвен стап.

Слепата Барби, која Мател ја лансира за јубилејните 65 години постоење, освен што претстава слепа жена, има карактеристики кои овозможуваат со неа да си играат деца со оштетен вид.

Оваа Барби е последната во линијата на инклузивни кукли. Претходно беа објавени Барбики со оштетен слух, Барбики со Даунов синдром и Барбики во инвалидски колички.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни