Амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата денеска ја претставија културната програма и другите активности за одбележување на Франфонијата во текот месец март и на почетокот на април 2025 година.
За програмата на годинашното одбележување на Франкофонијата говореа амбасадорите на Франција Кристоф Ле Риголер, на Швајцарија Вероник Хулман, на Романија Моника Аксинте и на Грција Софија Филипиду.
Тие зборуваа за универзалните вредностите на Франкофонијата, важечки не само за земјите членки на Меѓународната организација на Франкофонијата (Р. Северна Македонија е полноправна членка на оваа Организација од 2006 година), туку и за сите земји кои го почитуваат францускиот јазик и јазичниот диверзитет, солидарноста, мирот, демократијата и човековите права како ултимативни општествени вредности.
-Францускиот јазик не е само јазик на културата, туку и јазик на иднината на претприемништвото. Тоа е збир на вредности кон кои се стремиме – изјави амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер.
Oтворање на месецот на Франкофонијата во Скопје ќе се случи со Гала филмска вечер со проекција на филмот „Грофот од Монте-Кристо” (2024) во петок на 7 март во 19 часот.
Целата програма е следниот линк https://ifs.mk/kultura-i-umetnost/mesecna-agenda/