Претставата „КЕНДИ“ на „Ристо Шишков“ во Струмица

„Кенди’’ премиерно беше прикажана во 2022 година а досега има освоено три награди: „Бранко Ѓорчев’’ на истоимениот фестивал во Неготино, „Биш’’ на фестивалот Млад отворен театар во МКЦ и награда за најдобра претстава на фестивалот „Нишвил’’ во Ниш, Република Србија


Во четврток на 12 септември, претставата „Кенди’’ во режија на Тамара Стојаноска ќе учествува во
официјална конкуренција на триесет и второто издание на МТФ „Ристо Шишков“ во Струмица. Во претставата играат актерите Лео Поповиќ и Бобан Алексоски, а музиката е на Лука Тошев.

„Кенди’’ премиерно беше прикажана во 2022 година а досега има освоено три награди: „Бранко Ѓорчев’’ на истоимениот фестивал во Неготино, „Биш’’ на фестивалот Млад отворен театар во МКЦ и награда за најдобра претстава на фестивалот „Нишвил’’ во Ниш, Република Србија.


„Кенди’’ зборува за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност, според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction) и авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Дуодрамата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите.
Приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.
„Кенди’’ е еден наш аларм за свест, помош и едукација – она што денес треба да е приоритет кога се говори толку често за животот на младите“, велат од театарот. Наскоро претставата ќе може дја се погледне и публиката во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни