Претставата „Кумови“ вечерва премиерно во Народен театар Охрид

Секојдневието на луѓето од балканскиот простор, секојдневното искушение со т.н. кучешки живот, кога не се знае иднината и секој ден мислиме што ќе стане утре е опфатено во претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин, што вечерва премиерно ќе биде изведена на сцената на Народниот театар Охрид.

Директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски вели санува збор за едно убаво дело со кое се трудат да го задржат континуитетот на театарот и да направат нешто што е важно за културата во нашиот град и Македонија.

Феноменологијата на театарот е тоа да испровоцира емоции кои не се секојдневни. Затоа и постои и има интеракција со живи битија на лице место. Затоа со сета сила се трудиме, поголемиот дел од нашата публика да ја внесеме внатре и да се вратиме на нешто што не би смеело да изумре, а тоа е вистинската комуникација очи во очи, посочи Стојаноски.

Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.

Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороскса- Петреска, сценографијата на Татјана Христоска- Бажевска, додека костимографијата на Марија Пупуческа.

Претставата почнува во 20 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни