Претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“, премиерно во Театар Комедија

На премиерата ќе биде промовирано новото гледалиште во театарот кое е реновирано со финансиска поддршка од Амбасадата на Полска во Скопје.

Театар Комедија в петок, 28 ноември 2025, премиерно ќе ја изведе претставата  „Ивона, принцезата на Бургунд“ што ќе биде деветта премиера на театарот во оваа година. Претставата е по текст на полскиот автор Витолд Гомбрович, во режија на Билјана Радиноска и Александар Ивановски. 

Претставата што ќе биде изведена в петок е македонска премиера на текстот на Гомбрович и е реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Полска во Скопје и Институтот „Адам Мицкјевич“ од Република Полска.

Во претставата играат: Елена Кузманов, Сергeј Димоски, Кристина Христова Николова, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скeндеровска, Виктор Арсов, Роберт Ристов, Илија Илиоски и Александар Велјановски. Костимограф е Ивана Каранфиловска Угуровска, сценограф – Војдан Запров, композитор – Оливер Јосифовски, одговорен за дизајнот на светло – Милчо Александров.

Театар Комедија ќе ја заврши сезоната со десетта премиера –  претставата „Ана“ во режија на Нина Николиќ. Со околу 120 изведби годишно и приближно 33 000 гледачи, Театар Комедија, основан во 2011 година, е меѓу најпосетените театри во државава. 

На премиерата ќе биде промовирано новото гледалиште во театарот кое е реновирано со финансиска поддршка од Амбасадата на Полска во Скопје. Салата за публика има 305 нови столчиња и обновен под и денеска пред  медиумите ја претставија министерот за култура и туризам Зоран Љутков и амбасадорот на Полска во земјава, Мариуш Бримора. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни