Драмскиот театар Скопје со претставата „Ифигенија за ништо“ е добитник на три награди на 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025. „Ифигенија за ништо“ во режија на Филип Петковски ги доби наградите за најдобра претстава, најдобра режија и најдобра женска улога.
Во образложението за најдобра претстава на фестивалот, жири комисијата истакнува дека претставата се издвојува со силна концептуална визија, која античката трагедија ја претвора во современ политички и егзистенцијален коментар.
„Преку минималистички, но прецизно изграден сценски јазик, „Ифигенија за ништо“ создава длабоко емотивно и интелектуално искуство кое ја поврзува митологијата со реалноста на денешниот човек“, се вели во обраложението.
Наградата за режија ја доби Филип Петковски, а на градата за најдобра женска улога и припадна на Јелена Жугиќ за улогата на Клитемнестра.
„Ифигенија за ништо“ е утре на редовниот репертоар на Драмски театар, а претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.
На фестивалот „Стоби 2025“ беше доделена и награда за најдобра машка улога која му припадна на Марко Трајковиќ за насловната улога во претставата „Калигула“ на Кумановски театар.