Претставата „Грета“ на независниот театар „Златен Елец“ ќе има изведба во Прилеп

Сцена од претставата „Грета“ на независниот театар „Златен Елец“ / Фотографија: Јани Патче

Сцена од претставата „Грета“ на независниот театар „Златен Елец“ / Фотографија: Јани ПаВо театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на 28 февруари, од 19.30 часот, ќе биде прикажана претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска. Претставата е проект на независниот театар „Златен Елец“, известија од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Претставата „Грета“ е поставена според текстови на Луц Хибнер и Јохан Волфганг фон Гете во адаптација и режија на Тамара Стојаноска. Во претставата играат Димитрина Мицкоска Трајкоска и Ане Блажовски. Преводот на текстовите е на Тамара Стојаноска и Ане Блажовски.

Музиката за претставата ја компонираше Лука Тошев со вокал на Дина Јашари. Дизајнер на плакат, маски и портрети е Бојана Цилевска, изработката на сценографијата е на Слободан Петрушевски, а извршен продуцент е Бобан Алексоски. Продукцијата е на независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, а фотографиите се на Јани Патче.

Досега претставата доби Награда за најдобра женска улога на Интернационалниот фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино во 2022 година.

Со „Грета“ се раскажува приказна за театарот, за создавањето театарски светови, за пробата и процесот, за актерите како душата на театарот, за односите на театарските уметници во еден процес.

– Ситуациите и ликовите што се претставени се модели земени од театарскиот свет, ликови коишто на сите театарџии им се многу блиски и познати, а за оние кои не се во оваа професија, ова ќе биде како ѕиркање во една театарска приказна којашто преку комедијата води низ процесот на создавањето на една претстава. Сите ликови се обични луѓе со различни погледи, методи, принципи и поинаква љубов кон театарот и животот, воопшто.

Низ претставата се прикажани осум различни концепти за култната сцена со кутијата на Грета од „Фауст“ и двајца актери коишто зборуваат за својата професија, за магичните, но и за оние тешки моменти со кој се судира секој театарски уметник. Театарот постоел илјадници години и ќе продолжи да постои и покрај тешкото време во кое се наоѓа, бидејќи ова е повеќе од професија, ова е начин на живот, чудна моментална магија на сцена којашто не се повторува исто двапати – истакнуваат од независниот театар „Златен Елец“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни