Претставата „Едвард Втори“ од Велешки театар на фестивал МЕСС во Сараево

Претставата „Едвард Втори”, според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, селектирана е во официјалната селекција на 64. Интернационален театарски фестивал МЕСС во Сараево, Босна и Херцеговина. Претставата „Едвард Втори” е копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија, а ќе биде изведена на сцената на Народно Позориште Сараево, на 6 октомври.

Во претставата играат: Борис Крстев и Илин Јовановски, Јована Миладинова, Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Бранко Михајлоски, Кире Ацевски, Никола Петковиќ, Сандра Танчева, Марија Баркова, Леонида Гулевска, Бобан Алексоски и Тодор Стојковски. Сценографијата е на Андриј Жолдак и Даниел Жолдак, а костимите се на Симон Мачабели и Раде Василев.

Ова е трета соработка на режисерот Андриј Жолдак со македонски актери по постановките на „Електра“ и „Соларис“ во МНТ. Претставата премиерно беше изведена на 6 август 2023 на „Охридско лето“ потоа на 9 септември на сцената на велешкиот театар и на 14 септември лани ви Пловдив Бугарија на фестивалот „Театар на крстопат“. На 28 јуни годинава со оваа претстава во Битола беше отворен фестивалот „Битола Шекспир“.

МЕСС е најстариот театарски фестивал во југоисточна Европа, основан во 1960 година и уште од своите зачетоци е иноваторски, ризикувајќи и вложувајќи во најхрабрите уметнички проекти. На фестивалот до сега учествувале имиња како Питер Брук, Роберт Вилсон, Еуџенио Барба, Одкарас Коршуновас, Франк Касторф, Томас Остермаер, Силвиу Пуркарете, Јиржи Менцл, Ромео Кастелучи, Кејти Мичел и други режисери.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни