Во Албанскиот театар во Скопје вечерва во 20 часот ќе почне 17. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“. Фестивалот се одржува под мотото „Блесок во театарот“ и ќе донесе претстави од нашата земја, Косово, Турција, Франција, Босна и Херцеговина, Бугарија. Од Македонија ќе биде изведен перформансот што ќе се сработи преку работилница на тема „Бура и продор“ со режисерката Теа Беговска.
https://www.facebook.com/skupifestival/videos/224929377240730/
Публиката ќе има можност да погледне изложба на плакати од сите 17 изданија на фестивалот, а ќе биде отворена вечерва. Селектираната програма почнува вечерва со ансамблот на театарот „Ода“ од Приштина која ќе ја изведе претставата „Арбри“ во авторство и режија на Лирак Челај. Сценографијата е на Бурим Арифи, а во претставата играат актерите: Шкумбин Истрефи, Ќендреса Јашари, Лабинот Раци, Даниела Марку, Бленд Садику.
Повеќе за програмата на фестивалот на линкот.