Претставата „1984“ на Косовскиот национален театар од Приштина е прогласена за најдобра претстава на годинешното 18. издание на МТФ „Скупи Фестивал“

Специјалната награда „Луран Ахмети“ жирито ја додели за актерките Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ од преставата „Гидионов Јазол“, автор Џона Адамс, режија Селма Алиспахиќ, во продукција на Интремецо и фестивалот МЕСС Сараево, Босна и Херцеговина

Претставата „1984“ работена според романот на Џорџ Орвел, а во режија на Игор Менџиски и во продукција на Косовскиот национален театар од Приштина ја доби наградата за најдобра претстава на годинешното 18. издание на МТФ „Скупи Фестивал“.

Одлуката ја соопшти жири-комисијата во состав на театарската критичарка Хандан Салта од Турција, актерката Дрита Каба Карага и Кети Дончевска Илиќ од Македонија.

Специјалната награда „Луран Ахмети“ жирито ја додели за актерките Селма Алиспахиќ и Хелена Вуковиќ од преставата „Гидионов Јазол“, автор Џона Адамс, режија Селма Алиспахиќ, во продукција на Интремецо и фестивалот МЕСС Сараево, Босна и Херцеговина.

Во рамки на МТФ „Скупи фестивал“ се доделува и специјална награда за најдобра режија која овој пат отиде во рацете на „Елементарни Честички“ од Мишел Уелбек, режија Крис Шарков, од националниот бугарски театар Иван Вазов од Софија.

18. издание на фестивалот беше затворено со претставата „Елементарни Честитки“ на Мишел Велбек во која играат Теодора Духовникова, Жаклин Даскалова, Димитар Николлов, Мартин Димитров, Елена Иванова, Славена Зајкова, Дарина Радева

МТФ Скупифестивал беше поддржан од Министерството за култура, Бугарскиот Културен  Информативен  Центар  во Скопје, Гете Институт, Телеком на Македонија, весникот КОХА, телевизија АлсатМ и радио телевизија на Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни