Во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“, вечерва од 21 часот на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена театарската претстава „12“.
Претставата е во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) и е работена според мотиви од култниот текст „12 Гневни мажи“ на Реџиналд Роуз, а во режија на Синиша Евтимов.
Претставата сруши рекорд по гледаност во Скопје, каде билетите се купуваа и за три месеци однапред, а бителите за изведбата на МТФ Војдан Чердодрински беа распродадени за неполн час.
Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов/Нино Леви, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.
Сценографијата е на Мартин Манев, музиката – на ПМГ Колектив, а костимограф е Александар Ношпал. Претставата е наменета за возрасна категорија 16+.