Претседателството на БиХ бара Нобеловата награда за мир да му се додели на Доналд Трамп: Прва номинација за следната година

Претседателството на БиХ го номинира Доналд Трамп за Нобелова награда за мир 2026 поради неговиот ангажман за мир во Газа. Прва номинација за Трамп.

Претседателството на Босна и Херцеговина денес едногласно одлучи да го номинира претседателот на САД, Доналд Трамп, за Нобелова награда за мир поради неговото ангажирање за воспоставување мир во Појасот Газа.

Сараевски „Авaз“ забележува дека овој предлог доаѓа само неколку дена по доделувањето на Нобеловата награда за мир за оваа година. Ова воедно претставува и првата номинација на Доналд Трамп за Нобелова награда за мир за наредната година.

Да потсетиме, Нобеловата награда за мир за 2025 година ѝ беше доделена на венецуелската опозициска лидерка и активистка Марија Корина Мачадо, соопшти на 10 октомври Нобеловиот комитет.

Таа изјави дека оваа награда претставува огромна мотивација за продолжување на борбата против режимот кој трае повеќе од две децении, додавајќи дека Венецуела наскоро ќе „стане слободна“.

Мачадо ја истакна и улогата на американскиот претседател Доналд Трамп во промовирањето на мирот во Венецуела. Таа Нобеловата награда за мир ја посвети и на народот на Венецуела, но и на Трамп лично.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни