Претседателски избори во Романија

Во Романија денеска се одржуваат претседателски избори, а фаворит е прорускиот десничарски екстремист Џорџе Симион, додека негови ривали се Крин Антонеску и Никушор Дан, според светските медиуми.

Десничарскиот евроскептик води во анкетите на јавното мислење пред првиот круг гласање, пет месеци откако претходните претседателски избори, на кои убедливо водеше десничарот Калин Георгеску, беа поништени поради наводно руско мешање, тврдење што Москва го негира.

Симион се надева дека ќе го искористи распространетото јавно незадоволство поради поништувањето на изборите, откако ќе го преземе водството од крајнодесничарот Георгеску, на кого му беше забрането да се кандидира по поништените избори.

Симион (38) се спротивставува на воената помош за соседна Украина, го критикува раководството на ЕУ и го поддржува движењето „Да ја направиме Америка повторно голема“ на Доналд Трамп.

Како конзервативен христијанин, тој го поддржа неуспешниот референдум во 2018 година, кој имаше за цел да ги забрани истополовите бракови. Доколку биде избран, тој рече дека ќе објави колку Романија придонела за воените напори во Украина, на сметка на субвенциите за романските деца и пензиите.

Симеон води со 30,2 проценти поддршка, додека поранешниот сенатор Крин Антонеску има 24,3 проценти поддршка, а градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан има 22,4 проценти.

Анкетата е спроведена меѓу 3.247 лица од 28 април до 1 мај, со маргина на грешка од два проценти.

Гласањето завршува во 21 часот по локално време. Доколку ниту еден кандидат не освои 50 проценти плус еден од вкупниот број граѓани регистрирани на избирачките списоци, вториот круг од изборите ќе се одржи на 18 мај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни