Претседателот на УЕФА во интервју за „Тајмс“: Импресиониран сум од играта 

Александер Чеферин, претседателот на УЕФА, во интервју за „Тајмс“, меѓу другото даде свој осврт и на претстојното финале на ЕП во Германија.

„За мене е речиси срамно што Герет Саутгејт, најдобриот селектор кој Англија го имала досега, да добива таков третман по натпреварите кои Англичаните не ги ни загубија. Беше навредуван и исмејуван, се надевам, но не очекувам, дека дел од медиумите ќе се извинат за таквото однесување“, – рекол Чеферин.

Чеферин потенцираше дека е особено импресиониран од играта на Шпанија.

„Ова треба да биде одлично финале. Шпанија играше најдобар фудбал на овој турнир, а Родри и Руиз беа неверојатни. Од друга страна, Англија е силна селекција, мислам дека напредуваа од натпревар во натпревар“, – вели првиот човек на УЕФА.

фото: uefa.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни