„За да ја поштедам Романија и нејзините граѓани од криза, ја напуштам функцијата во среда“, изјави Јоханис во свечен говор во Букурешт.
Уставниот суд на Романија во декември ги поништи претседателските избори поради сомневања за руско мешање.
Судот одлучи да го поништи целиот изборен процес и побара негово повторување со цел да се гарантира валидноста и законитоста на изборите.
Оваа одлука беше донесена само неколку дена по објавувањето на тајни разузнавачки документи, во кои се наведува дека Русија водела координирана онлајн кампања за промоција на крајно десничарскиот кандидат Келин Ѓорѓеску. Неговиот успех во првиот круг, каде што освоил најмногу гласови, наводно бил резултат токму на оваа кампања.