Претседателот на Колумбија: Кокаинот не е полош од вискито, легализирајте го, ќе се продава како вино

Фото: Flickr

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека кокаинот „не е полош од вискито“ и дека е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка.

„Кокаинот е нелегален затоа што се произведува во Латинска Америка, а не затоа што е полош од вискито. Научниците го анализираа ова. Кокаинот не е полош од вискито“, рече Петро на владина седница, пренесува RFI.

Тој истакна дека глобалната индустрија за кокаин може „лесно да се разбие“ доколку дрогата биде легализирана ширум светот.

„Ако сакате мир, мора да го разбиете бизнисот за шверцот со дрога. Лесно би можел да се растури ако го легализираат кокаинот во светот. Би се продавал како вино“, рече колумбискиот претседател за време на шестчасовната средба, која за прв пат се емитуваше во живо.

Откако дојде на власт во 2022 година, Петро се обиде да се помири со сите вооружени групи вклучени во шверц на дрога во обид да стави крај на шестдеценискиот конфликт.

Колумбија е најголемиот светски производител и извозник на кокаин, главно во САД и Европа, и има поминато децении во борбата против трговијата со дрога.

Производството на кокаин во Колумбија достигна рекордно високо ниво во 2023 година со произведени 2.600 тони, што е зголемување за 53 отсто, соопшти Канцеларијата на ОН за дрога и криминал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни