Претседателот на ФИА: Следниот чекор е да привлечеме кинески производител на автомобили

Претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулејем, откри дека би сакал да види тим од Кина во Формула 1.

„Последниве две години сонував големите земји да влезат во Формула 1. Сега ќе имаме тим од САД кој ќе се натпреварува со поддршка на Џенерал Моторс. Следниот чекор е да привлечеме кинески производител на автомобили. Отсекогаш сум велел дека ни требаат помалку трки и повеќе тимови. Многумина беа против оваа одлука, но се покажа дека е добро за нашиот спорт“, вели Бин Сулејем во интервју за „Ле Фигаро“.


Од 2026 година Кадилак ќе се приклучи на светскиот шампионат во Формула 1 како 11-ти тим. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни