Претседателот на Црна Гора го потпиша спорниот договор со ОАЕ за туризам и недвижности

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ денеска потпиша указ за прогласување на контроверзниот Договор за соработка меѓу Црна Гора и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во областа на туризмот и недвижностите
epa10555329 Montenegro's Presidential candidate Jakov Milatovic talks to media after casting his ballot during the second round of the Presidential elections in Podgorica, Montenegro, 02 April 2023. Some 540,000 eligible voters are casting their ballots to chose the next President of Montenegro. EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Дел од невладиниот сектор, опозицијата, како и самиот Милатовиќ, сметаат дека документот е спротивен на Уставот на Црна Гора и на правниот поредок на Европската Унија, особено во поглед на јавните набавки, транспарентноста и конкуренцијата.

Како што наведуваат од кабинетот на претседателот, Милатовиќ со жалење констатирал дека, и покрај тоа што со аргументирано образложение го вратил законот на повторно разгледување, пратениците од владејачкото мнозинство на 3 јуни повторно го усвоиле, ставајќи ги интересите на граѓаните во втор план.

Договорот беше потпишан кон крајот на март од премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, и министерот за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. Во април пратениците усвоија две билатерални спогодби со ОАЕ – една за економска соработка, и друга, спорната, за туризам и развој на недвижности. Пратениците од најголемата опозициска партија – Демократската партија на социјалистите (ДПС) – не беа присутни на гласањето.

На 29 април, претседателот одби да го потпише указот за објавување на спогодбата за туризам и недвижности и го врати на повторно гласање.

Милатовиќ, како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, повторно истакнал дека оваа спогодба, во обликот во кој е донесена, е правно и политички штетна за државните интереси.

Во соопштението се посочува дека спогодбата директно противречи на Уставот и на законите на Црна Гора, укинувајќи примена на клучни домашни регулативи – меѓу кои и оние за јавни набавки, државна сопственост и заштита на конкуренцијата.

На овие проблеми укажаа бројни правни експерти, претставници на граѓанскиот сектор, меѓународни организации, како и самата Европска комисија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни