Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека светот никогаш нема да заборави шест милиони „ладнокрвно убиени Евреи и ниту сите жртви на Холокаустот“.
„Како што изумираат последните преживеани, наша должност како Европјани е да се сеќаваме на овие злочини и да го почитуваме сеќавањето на жртвите“, напиша Урсула фон дер Лајен на платформата Икс, пред утрешното одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау во Полска.
Во Брисел беше осветлена зградата на Европската комисија во знак на сеќавање на жртвите.
„Антисемитизамот повторно се појавува во Европа. Потребата за борба против ова зло, онлајн и надвор од интернет, никогаш не била поголема“, додаде претседателката на ЕК.
Според нејзините зборови, историјата на Евреите е „неодвојива од историјата на Европа“.
„Одлучни сме не само да ги заштитиме, туку и да го славиме еврејскиот живот во Европа“, додаде претставничката на ЕК.
Аушвиц-Биркенау стана симбол на геноцидот што нацистичка Германија го изврши врз шест милиони европски Евреи, од кои еден милион починаа на тоа место, помеѓу 1940. и 1945. година, заедно со повеќе од 100.000 лица кои не биле еврејски потекло.