При посетата на Софијам петседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, порача дека усвојувањето на еврото ќе ѝ донесе на Бугарија две клучни придобивки — просперитет и сигурност.
Таа нагласи дека евроинтеграцијата го отстранува „последниот валутен ѕид“ во единствениот пазар и го зајакнува економскиот штит на малата и отворена економија од надворешни шокови.
Конкретно, за бугарските мали и средни компании исчезнуваат трошоците за конверзија при извоз кон еврозоната — заштеда од околу една милијарда лева годишно само по таа основа. Дополнително, полесниот пристап до европските капитални пазари треба да ги намали трошоците за финансирање и да поттикне подолгорочни инвестиции.
Лагард предупреди и на „класичниот“ ефект на промената на валутата: можно е краткотрајно забрзување на измерената инфлација поради заокружување на цените, како што се виде и во Хрватска, но со двојно ценовно обележување и активен надзор ефектот обично се движи околу 0,2–0,4 процентни поени и брзо исчезнува. Поентата, рече таа, е дека долгорочните добивки значајно ги надминуваат краткорочните трошоци.
Европските институции во 2025 ја парафираа временската рамка за пристапување — препораките на еврогрупата и оценката на ЕЦБ го потврдија исполнувањето на критериумите со таргет-датум 1 јануари 2026, по што следуваше финализирање на политичките одлуки и техничката подготовка за конверзија.
Воведувањето на еврото во Бугарија предизвика и бројни протести низ бугарските градови а критизерите на воведување на еврото сметаат дека тоа негативно ќе влијае врз економскиот статус на најранливите категории граѓани.