На референдумот, кој се одржа вчера во исто време со претседателските избори, иницијативата за влез на Молдавија во ЕУ ја поддржаа 740.725 гласачи или 50,26 отсто од гласачите, а против гласаа 732.891 гласачи или 49,93 отсто од гласачите, пренесува ТАНЈУГ.
На 20 октомври во Молдавија се одржаа претседателски избори, со референдум на кој граѓаните одговорија на прашањето: „Дали поддржувате промена на Уставот за Република Молдавија да влезе во Европската унија?“.