Пресушува Амазон

Реката Амазон, погодена од суши засилени од климатските промени, пресушува, а некои делови од моќниот воден пат се намалуваат до плитки базени низ кои може да се оди.
Фото: Rainforest Foundation US

Нивото на водата падна минатиот месец на најниско ниво досега, покажуваат податоците на Бразилската геолошка служба. Делови од трите најважни притоки на реката Амазон – големите реки сами по себе, од кои секоја се протега преку 1.000 километри – исто така паднаа на историски најниско ниво.

Кризата го блокираше Амазон, витален воден автопат кој практично служи како единствен начин за поврзување на шумските заедници и движење на трговијата низ некои од најоддалечените делови на планетата. Како резултат на тоа, Бразил прибегна кон извонредна мерка што можеби беше незамислива не толку одамна: копање на делови од реката.

„Овде, реките се нашите улици“, рече еден жител на Тауари, село крај реката во еден од најсушните региони во државата Амазонас. „И со сушата, не можеме да стигнеме во градот за да купиме вода или лекови. Не можеме да ловиме, рибата ја нема. Сè е суво“.

Пресушувањето на Амазон е особено вознемирувачко, бидејќи е убедливо најголемата река на земјата (по волумен), која носи 75 пати повеќе вода од Нил.

Ситуацијата е подеднакво страшна и во соседните земји како Колумбија, каде што нивото на водата на реката Амазон е намалено за дури 90%. Сушата остави заглавени чамци, предизвика недостиг на храна и ги натера владите да донесат вонредни мерки. Тековната криза е остар потсетник за сериозното влијание на климатските промени врз некои од највиталните екосистеми во светот.

Ефектите од климатските промени стануваат се посериозни и повидливи, не само во зголемените температурни просеци, зачестените големи урагани и поплави, туку и по несекојдневните случувања во некои од најголемите екосистеми во светот. Неодамна силни дождови и поплави беа забележани во некои од најсувите места од светот, како Сахара, додека сега пресушуваат некои од највлажните места на светот, како Амазон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни