Престолнини на вооружениот криминал: Каде е најбезбедно, а каде најопасно во ЕУ?

Кои се најбезбедните и најопасните главни градови во ЕУ според вооружен криминал. Од Брисел и Стокхолм до Талин и Вилнус Откријте кои се најбезбедните и најопасните главни градови во ЕУ според вооружен криминал

Додека неколку европски градови се борат со растечка организирана криминална активност и вооружено насилство, Euronews ги рангира престолнините на ЕУ според нивната безбедност и ризик од вооружени напади.

Во последниве години, насилството поврзано со банди се прошири во некои европски земји – од чести рафали од митралези во Брисел, до убиства извршени од тинејџери-платени убијци во Шведска.

Ова не е научна анализа, многу земји не објавуваат специфични податоци за вооружен криминал, а не сите престолнини на ЕУ имаат достапна статистика. Користени се национални податоци, медиумски извештаи и големината на градовите.

Иако е фокусирана на главни градови на ЕУ, Марсеј е исклучок поради сериозната состојба со криминал. Балканот е исклучен и покрај тоа што во некои земји има високо ниво на вооружен криминал.

Зона на опасност: Брисел, Стокхолм, Марсеј, Амстердам

Брисел: Престолнина на вооружениот криминал во Европа

Најопасен европски главен град во 2025 година по бројот на вооружени напади. 57 инциденти до средината на август, од кои 20 летно време.
Особено сериозно е во Андерлехт и Моленбек. Јавниот обвинител Жулиен Монил изјави:

„Секој жител на Брисел може да биде погоден од заскитан куршум.“

Министерот за внатрешни работи на Белгија предлага воведување воени патроли и проширување на мрежата на безбедносни камери.

Стокхолм: Од мирен град до жариште на насилство

Шведската престолнина забележа 55 пукања и 9 смртни случаи до август 2025. Во цела Шведска: 113 вооружени инциденти и 33 загинати. Платени тинејџери, домашно направени бомби и растечка мигрантска криза – сликата е темна.

Марсеј: Упориште на мафијата

Во 2024 година, 24 лица загинаа, што е подобрување од 49 во 2023. Причината? Мафијска војна заврши со победа на кланот „DZ Mafia“. Оваа година, само два смртоносни инциденти – според локалната преса.

Амстердам: Повеќе експлозии, помалку пукања

Во 2023: 197 експлозии, двојно повеќе од 2022. Само седум сериозни пукања, еден со смртна последица.

Зона на ризик: Париз, Копенхаген, Атина, Лисабон, Рим, Мадрид

  • Париз: Побезбеден од Марсеј, но во 2024 година 34 убиства, четири од нив со огнено оружје.
  • Копенхаген: Воведени „зони за претрес“ поради банди во Норебро.
  • Атина: Пет убиства во 2024, две пукања во 2025.
  • Лисабон: Тројно убиство, млад човек тешко ранет, убиство од полиција.
  • Рим: Осум инциденти, пет смртни. Некои „мафијашки егзекуции“.
  • Мадрид: Осум пукања во 2024, две жртви.

Умерен ризик: Букурешт, Љубљана, Никозија, Прага, Рига, Софија, Виена, Загреб

  • Никозија: Повеќе инциденти, еден полицаец уби мигрант.
  • Виена: Судири меѓу сириски и чеченски групи, 4 ранети оваа година.
  • Рига: Тројно убиство со оружје. Во 2024: 67 убиства во Латвија, 8 со огнено оружје.
  • Софија: Пет пукања, едно смртно.
  • Букурешт: Шест инциденти, најчесто поради „патна агресија“.
  • Прага: Безбедна, освен масовно пукање во универзитет – 14 мртви (декември 2023).
  • Љубљана: Едно мафијашко убиство, зголемен шверц на оружје.
  • Загреб: Два инцидента, едно повредено лице – поврзано со мафија.

Нискоризични градови: Берлин, Даблин, Хелсинки

  • Берлин: Еден сериозен инцидент со повреда.
  • Даблин: Општо безбеден, еден смртен случај и неколку инциденти во последниве две години.
  • Хелсинки: Мирен град, но имаше пукање во училиште (1 мртва, 2 повредени).

Безбедни градови: Вилнус, Будимпешта, Варшава, Братислава, Луксембург, Валета, Талин

  • Вилнус: Нема банди, едно убиство на адвокат.
  • Будимпешта: Неколку инциденти со гумени куршуми, без жртви.
  • Варшава: Неколку инциденти, најчесто со полиција. Без банди.
  • Братислава: Два инцидента за две години, не поврзани со банди.
  • Луксембург: Два инцидента, едно со лесна повреда.
  • Валета: Еден инцидент оваа година, без повреди. Полицијата предупредува на пораст.
  • Талин: Нема регистрирани инциденти. Најбезбедна престолнина според податоците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни